Двојно помала држава од Македонија, а има богатство од 335 милијарди долари

katar-1024x610.jpg

Катар е држава за повеќе од 2 пати помала по територија од Македонија. Таа сепак е најбогатата држава по глава на жител, а само во последните два месеци направила големи инвестиции во најголемиот производител на месо од живина во Турција, во рускиот нафтен гигант “Роснефт” и во британската компанија за гас „National Grid“.

Вложувањата во корпорациите се направени од катарскиот инвестициски фонд (QIA), основан во 2005 година. Од тогаш земјата има стекнато 335 милијарди долари средства, што го прави државниот инвестициски фонд 14-ти по големина во светот, пишува Bloomberg.

Фондот е најголемиот инвеститор на берзата во земјата, и има мнозински удел во националната банка и во телекомуникацискиот лидер Ooredoo QSC кој оперира во 12 земји.

Долги години во Европа е меѓу топ дестинациите за вложувања на катарскиот инвестициски фонд, насочувани кон германските автомобилопроизводители, фудбалските клубови и италијанските модни синџири.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail