Џабе дипломи и вештини кога еден копирант зема двојно повеќе од просечен млад човек

mepso1.jpg

На социјалните мрежи со гнев и негодување се шири  огласот за работа во државната енергетска компанија МЕПСО каде за работната позиција „копирант“ се нуди месечна плата од солидни 25 илјади денари, а условите за прием се завршено средно образование без потреба од работно искуство.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Граѓаните коментираат дека многу од нив се мачеле да завршат факултети, да магистрираат и дипломираат, да градат биографија со пракси и обуки, за потоа да најдат работа за очајна плата која тешко надминува 18 илјади денари, а ги имаат сите напредни вештини.

Нееднаквоста во одредени области најмногу се забележува помеѓу државниот и приватниот сектор. Така во помоќните институции каде платите се доста високи најчесто се привлекуваат партиски кадри кои имаат и силни врски за наоѓање на работното место, а нивните квалификации и не најважните.

Од друга страна високообразуваната младина која сака сама да успее со сопствен труд и знаење најчесто е принудена да си бара спас во странство за поголема плата.

Секако, моќна компанија како МЕПСО е вообичаено да има високи плати за сите позиции па дури и копирант ќе има солидни примања на месечно ниво бидејќи за постручните позиции каде се потребни повисок степен на вештини платите се над 40 илјади денари. Токму затоа работата во државна институција и не е така блед или досаден избор за професионална кариера.

Извро: FAKTOR.MK

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top