Џефри К. Хол, Мајкл Росбаш и Мајкл В. Јанг, добија Нобелова награда за медицина

naucnici.jpg

Американските генетичари Џефри К. Хол, Мајкл Росбаш и Мајкл В. Јанг, во понеделник добија Нобелова награда за медицина за расветлување на внатрешните биолошки часовници што го регулираат циклусот на спиење и будност кај повеќето живи суштества.

„Нивните откритија објаснуваат како растенијата, животните и луѓето го прилагодуваат својот биолошки ритам, за да биде синхронизиран со револуциите на Земјата“, објави Нобеловото собрание, пренесе АФП.

Животот на Земјата е прилагоден на ротацијата на нашата планета. Научниците веќе многу години знаат дека живите организми, вклучувајќи ги и луѓето, имаат внатрешен часовник што им помага да го предвидат и да се прилагодат на ритамот на денот.

Хол (72), Росбаш (73) и Јанг (68), „можеа да ѕирнат во нашиот внатрешен биолошки часовник и да ги разјаснат неговите внатрешни функции“, рече Нобеловото собрание.

Часовникот влијае на биолошките функции како што се хормоните, спиењето, температура на телото и метаболизмот.

Тоа е она што предизвикува џет лег – кога нашиот внатрешен часовник и надворешната околина не се во синхронизација кога ги менуваме временските зони.

Користејќи ја винската мушичка како организам за модел, овогодинешните лауреати изолираа ген што го контролира дневниот биолошки ритам.

„Тие покажаа дека овој ген енкодира протеин што се акумулира во клетката во текот на ноќта и потоа се деградира во текот на денот“, рече Нобеловиот тим.

„Потоа тие идентификуваа дополнителни протеински компоненти на оваа машинерија, откривајќи го механизмот што го регулира самоодржливиот часовник во клетката“.

Триото ќе ја дели наградата од девет милиони шведски круни (околу 1.1 милиони долари или 937.000 евра).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail