Џет Сет ВИДЕО: Светот ја знае како холивудска секс-бомба, а без нејзините изуми не би постоеле паметните телефони

Легендарната актерката Хеди Ламар своевремено беше и најголемата холивудска секс-бомба, сите зборуваа за нејзината убавина, но многумина не знаат дека таа беше и вистински гениј. Ламар се занимаваше со наука, а нејзините патенти денес се применуваат во модерните технологии.

Животната приказна на Хеди Ламар е неверојатна и иако звучи како класично клише – таа е како за на филм.

Во периодот од 1933 до 1965 година, таа се мажеше и разведуваше шест пати, роди три деца и измисли работи без кои денешниот свет би бил незамислив.

Хеди немала формално унивезитетсто образовение, но тоа не ја спречи да на светот подари неколку изуми.

За време на Втората светска војна, Хеди се заинтересирала за радио системите за торпеда, поради кои торпедата често заглавувале или скршнувале од курсот. Поради тоа со својот пријател, композиторот Џорџ Антејл го развила системот на „прескокнување фреквенција“ кој не може да биде попречуван.

Овој изум официјално е патентиран на 11 август 1942 година, но американската морнарица сметала дека е премногу комплициран за секојдневна употреба.

Сепак во 1962 година за време на кубанската криза, модернизирана верзија од тој изум се појавила на американските воени бродови.

Трудот на Хеди Ламар и Џорџ Антејл за технологијата на раширен спектар доведе до развој на бројни изуми како GPS, Wi-Fi и „блутут“.

Освен тоа, Хеди се интересирала и за аеро-динамика, како и за унапредување на системот на семафори.

Хеди изјавувала дека тоа е само нејзино хоби, а себеси се опишувала дека е од друга планета.

Таа почина во 2000. година на 86-годишна возраст.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top