Џиновски 19-метарски бран постави нов светски рекорд

ZoRcj4-640x360.jpg

Обединетите Нации објавија дека еден џиновски бран регистриран од мерните инструменти достигнал неверојатна висина од 19 метри.

За да биде појасно тоа е повисоко од зграда од шест ката или повисоко дури и од четири двокатни автобуси поставени еден над друг.

Светската метеоролошка организација (СМО) објави неделава дека бранот со епски размери бил регистриран од една автоматизирана бова (пловка) во северен Атлантик – помеѓу Исланд и Велика Британија во февруари 2013 година, а научниците сега конечно ја потврдија неговата големина.

„Ова е прв пат воопшто да биде измерен бран од 19 метри, што претставува извонреден рекорд“вели Венијан Џанг, помошник генерален-секретар на СМО.

Научниците од Комитетот за климатски екстреми при СМО го класифицирале бранот како „најголема значајна висина на бран што е измерена од страна на бова“.

Тие велат дека овој феномен се должи на многу голем студ кој во оваа област предизвикува ветрови со брзина и до 50,4 километри на час.

Овој бран го надминува претходниот рекод од декември 2007 година кога е регистриран бран со височина од 18,275 метри кој исто така се појавил во северен Атлантик.

Овие џиновски бранови се почести во северниот дел на Атлантикот заради начинот на циркулација на ветровите и воздушниот притисот на северната хемисфера во зима, што може да продуцира интензивни екстра- тропски бури кои  се опишуваат и како  атмосферски „бомби“.

Овие бомби имаат тенденција да „експлодираат“ во погорните делови од северен Атлантик кој се протега од источниот брег на Канада до водите јужно од Исланд и граничи со западниот брег од Велика Британија.

Бидејќи во овој дел од Атлантскиот Океан поминуваат голем бројкомерцијални бродски рути мерните инструменти (бовите) се од клучна важност за следење на активноста на брановите кои не можат да се забележат од страна на луѓето или преку сателитските опсервации.

Иако овој 19-метарски џиновски бран е рекордер во висина на бран измерен со бова постои и посебна категорија за висина на брановите, базирана на мерења направени од брод.

Рекордот во оваа категорија е дури и поголем и изнесува 29.05 метри, а е детектиран од британскиот океанографски истражувачки брод „RRS Discovery“ во 2000-та година. И овој бран бил забележен во северен Атлантик.

Но, и овој бран е мал во споредба со бројните поголеми „подивени“ бранови, меѓу кои и бранот во заливот Литвија на Алјаска од 1958 година за кој се проценува дека бил висок 30,5 метри.

Проблемот со овие мерења е тоа што не се толку прецизни како мерењата со бова.

Што се однесува до брановите што се признаени од страна на СМО тие можат да се видат во архивата на „World Weather & Climate Extremes“, која содржи детали за сите видови метеоролошки отскокнувања во темературата, врнежите од дожд, град, грмотевици  и др.

Записот за новиот бран во архивата на СМО е наведен тука.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail