Ѕирнете во Ани, градот на 1001 црква

crkva4.jpg

До 17 век ова место било заборавено, а во текот на изминатите векови занемарувано, но веќе неколку години археолозите работат на неговата реставрација и зачувување на вредните градби, кои од минатата година се на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Додека во 11 век тука живееле дури 100 илјади луѓе, денес претставува град на духови. Ани, сместен во турската провинција Карс, во близина на границата помеѓу Турција и Ерменија, се издига на падините над реката Ахарјан.

Низ вековите бил под династијата Багратид, под чие водство го доживеал најголемиот подем, но бил и под византиска, отоманска и селџуска власт.

Во 10 и 11 век, како главен град на Ерменското царство кое се простирало на површината на денешна Ерменија и источна Турција, градот бил крстопат на трговски патишта, а се нашол и на патот на свилата. Неговите цркви, палати и тврдини биле најнапредните во светот, како технички, така и уметнички.

Затворен е со ѕидини, изградени во 10 век, а познат е и под името Градот на 1001 црква. Иако ова е претерано, археолозите пронашле остатоци од околу 40 цркви, капели и мавзолеи. Во 13 век местото го нападнале Монголите, а прекрасните градби ги уништиле и два земјотреси.

До 17-от век ова место било заборавено, а во текот на изминатите векови и занемарувано, но веќе неколку години археолозите работат на неговата реставрација и зачувување на вредните градби, кои од минатата година се на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail