Ѕвезда може да предизвика врнежи од астероиди и комети врз Земјата

zvezda1.jpg

Астрономите веќе подолго време се запознаени со ѕвездата наречена „Gliese“ 710 која се движи кон нашиот Сончев систем, а сега знаат и кога точно ќе пристигне.

„Gliese“ 710 моментално се движи со брзина од 52 500км/ч, и се наоѓа на околу 64 светлосни години од нас ( поточно 9 461 000 000 000 km), голема е колку половина од нашето Сонце, и ќе пристигне до нас за околу 1.35 милиони години, на далечина од околу 77 светлосни денови од нашата планета.

Таа нема да се судри со Земјата, но ќе помине низ облакот Оорт кој се состои од трилиони заледени објекти на работ на Сончевиот систем. Иако 77 светлосни денови се релативно безбедна далечина, движењето на ѕвездата низ облакот ќе предизвика голем број на заледени објекти и комети да се насочат кон Земјата, со големи шанси некои од нив и да се судрат со нашата планета.

„Gliese“ 710 ќе предизвика „врнежи“ со густина од околу 10 комети годишно, кои ќе траат 3 до 4 милиони години. Некои научници шпекулираат дека сличен настан (ѕвезда која поминувала низ облакот Оорт) можел да биде причина за астероидот кој ги збришал диносаурусите од Земјата пред 65 милиони години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail