Е-цигарите не влијаат на прекин на пушењето кај тинејџерите

ecigariiii.jpg

Употребата на е-цигарите не ги одвраќа тинејџерите од пушењето, покажа најновото истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија.

Пушењето кај младите лица во изминатите 10 години главно е во опаѓање, а е-цигарите на пазарот во Соединетите Американски Држави (САД) се појавија во 2007 година.

Покрај тоа, новите откритија сугерираат дека е-цигарите можат на почетокот да го поттикнат пушењето и кај тинејџери кои инаку не би станале пушачи, објави стручното списание Pediatrics.

Во истражувањето исто така се наведува фактот дека и младите и постарите пушачи во исто време конзумираат и цигари и е-цигари.

Во последните години во САД е забележана зголемена популарност на е-цигарите меѓу тинејџерите. Претходните студии ја поврзале употребата на е-цигарите со зголемен ризик за астма кај тинејџерите.

Во моменталната студија се собрани податоци од 140.000 ученици од основните и средни училишта, во периодот од 2004 до 2014 година.
Научниците наведуваат дека и е-цигарите содржат никотин.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail