Е-ДИСКУСИЈА „КАКО ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ СТУДИРАЊЕТО И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ-ПОТРЕБА ОД КРЕИРАЊЕ НА НОВИ ЈАВНИ ПОЛИТИКИ?„

101018471_113060403754010_9054708147154845696_o.jpg

УКЛО, Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование денес (Вторник) 26.05.2020 година од 12.00 часот во рамки на онлајн  активности од областа на јавните политики ќе организира е-дискусија на тема „Што велат студентите? Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот? Дали има потреба од нови јавни политики?”

Говорници во дискусијата ќе бидат: проф. д-р Марјан Ѓуровски проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбендост-Скопје, проф. д-р Кирил Барбареев професор на Универзитетот „Гоце Делчев„, Алек Ицев менаџер за инженерство во Google, студентски лидери на УКИМ и УКЛО Борјан Ефтимов и Дона Петрова, Претставниците од Амбасадата на САД во земјава задолжени за образовна размена и алумни Газмент Илјази, за образование во САД Билјана Кузмановска Тасетовиќ и Никола Данев дипломиран на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

„Дали со нашето делување во изминатиот период паднаа скепсите кај сите дека не сме подготвени за онлајн активности или можемео подобро да одговориме на предизвиците е прашање на кое треба да одговориме. Но важно е да се преиспита: дали е потребна поголема флексибилност во спроведувањето на ЗВО, промена на елаборатите и предметните програми и новите обврски што престојат. Влијанието на пандемијата врз високото образование, ги отвори прашањата за пандемското, но и постпандемското високо ообразование во услови кога одредени првични истражувања покажуваат дека младите се повеќе ќе студираат или во регионот во којшто припаѓаат или во местото на живеење и ќе дојде до намалување на бројот на студенти од странство кои студират надвор од матичните земји, смета проректорот Ѓуровски. Според него допрва ќе се отвора и проблемот со информатичката безбедност, заштитата на студентите, потребата за уште поквалитетно високообразование. Потребата од идни одговори во високото образование доколку се повтори пандемијата стануваат се појасни, исто колку и показателите дека образованието може да изгледа и да се профилира сосема поунаку. Постојните предизвици професорот Ѓуровски ги  афирмираат преку примерот од 1665 година кога универзитетот Кембриџ се затвора поради чума. Исак Њутн работи од дома и во тој период го поставува Законот за движење. Низ таа симболика, според професор Ѓуровски се можностите за нови видици во високото образование и негово заедничко, партнерско делување.

Целта е поттикнување на активностите во високото образовните и во овие вонредни околности со цел мотивирање  на студентите преку електронска комуникација. Сесија  вклучува  дискуии  од професори од земјата и странство, споделување на практики за начинот на студирање денес и утре.  Потребен е сеопфатен и систематски пристап кон креирање јавни политики засновани врз принципите инклузивност и опфаќање на широк спектар на проблеми и сектори, воедно да одговори на глобалните ризици и закани.

За своите активности и следења на предавањата и понатамошна практична работа студентите ќе добијат Сертификат од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование   .

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail