Нè очекува пропаст за три години?! Климатските промени се закануваат да ја уништат Земјата

globalno-zatopluvajne.jpg

Ако емисиите константно се намалуваат до 2020. година, глобалните температури веројатно веројатно ќе го избегнат достигнувањето на прагот по кој нема враќање.

Уништувањето на Земјата поради климатските промени можеби изгледа како далечна иднина, но планетата веќе денес трпи сериозни последници, предупредиле експертите од Светскиот економски форум.

Глобалната средна стапка за растот на нивото на морето пораснала за 50 проценти во последните 2 децении. Тепературите во 2017. година во некои региони, од Калифорнија до Виетнам, веќе достигнале највисоко историско ниво. Последните три години биле најтопли во историјата, пишува во статијата објавена на страната на WEF.

Во новото отворено писмо на шест истакнати научници и дипломати, вклучувајќи го и поранешниот директор на ОН за клима, Кристијан Фигуререс и физичарот Стефан Растрорф, се предупредува дека за околу три години на Земјата ќе настапат најлошите последици од климатските промени.
Во писмото, објавено на 28. јуни, се повикуваат владите, компаниите, научниците и граѓаните уште сега да почнат да го решаваат проблемот со светската емисија на гасови со ефектот на стаклена градина.

Ако емисиите константно се намалуваат до 2020. година, глобалните температури веројатно веројатно ќе го избегнат достигнувањето на прагот по кој нема враќање, напишале тие.

Наведените погубни последици вклучуваат брзо умирање на шумите, поплави поради пораст на нивото на морети и непредвидливи промени во времето, кои би можеле да нанесат сериозна штета во земјоделството и да го загрозат животот на бреговите.

Планот кој го предложуваат научниците вклучува шест цели до 2020. година:
1. Зголемување на обновливата енергија на 30 проценти од употребата на електрична енергија.
2. Изработка на нацрт планови за градови и држави за отфрлање на енергија од фосилните горива до 2050. година,со финансирање од 30 милијарди долари годишно.
3. 15 проценти од сите нови продадени автомобили да бидат електрични.
4. Намалување на нето емисијата на гасови настанати со сечење на шумите.
5. Објавување на план за намалување на 50 проценти од емисиите кои настануваат со сечење на шумите пред 2050. година.
6. Поттикнување на финансискиот сектор да издава повеќе “зелени обврзници” поврзани за целите за ублажување на ефектот на климатските промени.

Целите на писмото не се во склад со приоритетите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која ставила до знаење дека климатските промени не се важно прашање на дневниот ред.
Авторите на писмото ги повикале градовите и компаниите во борбата против емисијата на гасови и на исполнување на целите од Парискиот договор, дури и без помош од американската влада.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail