• Наменска кредитна линија, стимулативни грантови и техничка помош за МСП
  • Средствата ќе им помогнат на МСП да инвестираат во производните капацитети и квалитет во производството
  • МСП ќе ја зголемат конкурентноста на регионалните и Европските пазари

Малите бизниси во Република Северна Македонија ќе бидат во можност да ја подобрат нивната конкурентност благодарение на пласирање на наменската програма на ЕБОР-ЕУ во земјата. Новата иницијатива комбинира кредитни линии, грантови за компаниите учесници и техничка помош. Промоцијата на програмата во Северна Македонија следи по претставувањето на истата во Косово, минатиот месец.

Во Република Северна Македонија, ЕБОР доделува €30 милиони на локалните банки кои понатаму ќе пласираат кредити на комерцијалните корисници. До сега во оваа програма се вклучени Шпаркасе Банка Македонија, Охридска банка СГ и Комерцијална банка. Средствата ќе бидат проследени со пакет на техничка помош и стимулативни грантови, во износ од €4.5 милиони, од ЕУ националниот Инструмент за пред-пристапна помош (Instrumentforpre-AccessionAssistance-IPA).

МСП ќе можат да ги користат фондовите за подобрување на нивните производни капацитети и да ги зајакнат процесите и квалитетот на производите преку воведување на ЕУ стандарди за заштита на човековата околина, безбедно производство, квалитет и слично.

Малите бизниси се основа на националната економија и тие вработуваат 80% од работо-способното население. И покрај нивното економско значење, малите бизниси продолжуваат да се соочуваат со пречките во нивниот развој, честопати со тешок пристап до финансирање и советодавни услуги.

Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија ијзави: ,,Ни претставува задоволство што Програмата за поддршка на конкурентност на МСП е достапна за МСП во Северна Македонија. Подобриот пристап до финансирање и советодавни услугиќе им овозможи на бизнисите да го подобрат нивното работење и конкурентност.”

Јанмат Фрик, Раководител на проекти, ЕУ Северна Македонија изјави:,, Потребно е да има диверзификација на пристапот до финансии преку комбинација на традиционално банкарско кредитирање, стимул и трансфер на советодавни услуги, за да се дојде до целосниот предприемачки потенцијал на земјата. Крајниот резултат ќе донесе поконкурентни МСП со поголем број на вработувања и поголеми можности за раст на биснисите.”

Кочо Анѓушев, Заменик Премиер на Република Северна Македонија задолжен за економски работи и координација на економските сектори,  истакна: ,,Преку овој проект значително се подобрува пристапот до финансиски средства за малите и средни претпријатија и се овозможуваат нови, свежи средства за развој и нови инвестиции на компаниите.На располагањесе€30 милиони евра и €4.5 милиони грант, што претставуваатрактивнафинансиска инјекција,моделирана за потребите на МСП- приближно 15 % грант за секој кредит. Овае фактички директната помош и придобивка од интеграциите во ЕУ и НАТО.”

До денес ЕБОР има инвестирано над €1.87 милијарди во 117 проекти во Република Северна Македонија, фокусирајќи се на поддршката на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и пропратните активности на Банката, особено интензивирајќи ја соработката со клучните партнери-ЕвропскатаУнија и Европската Инвестициона Банка.

Шпаркасе Банка Македонија е една од комерцијалните банки преку која ќе се пласираат кредитите од Програмата за поддршка на конкурентност на МСП на ЕБОР.

„Ние како една од првите банки кои се вклучени во проектот „SME Competitiveness Support Programme“  со голема одговорност ја прифативме можноста да бидеме дел од овој значаен проект за финансирање на инвестициите на микро, малите и средни претпријатија во Р. Северна Македонија. Сметаме дека овој проект ќе има значаен придонес во унапредувањето на економскиот развој на државата, подобрување на конкурентноста на компаниите на пазарите како резултат на унапредување на производните технологии, зголемување на производните капацитети, како и унапредување на енергетската ефикасност преку инсталирање на технологии кои ќе придонесат за заштита и унапредување на животната средина.“ изјави Саша Боко, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail