ЕБОР одобри 5 милиони евра нова кредитна линија преку Шпаркасе банка

ebor1.jpg

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе пласира пет милиони евра преку Шпаркасе банка Македонија во нова кредитна линија за енергетска ефикасност. Парите се наменети за населението, а достапни ќе бидат преку два производа од март следната година.

Договорот за новата кредитна линија го потпишаа денеска претставникот на ЕБОР за Македонија, Анка Јоана Јонеску, и претседателот на УО на Шпаркасе банка Македонија, Глигор Бишев.

Бишев вели дека оваа кредитна линија има компонента на донација.

– Петнаесет до 20 проценти за крајните купувачи е грант – рече Бишев и порача: заштедете енергија и со тоа да го вратите кредитот.

Два милиони евра се за наменски кредити за производи што можат да заштедат енергија, а трите милиони ќе се пласираат во станбени кредити.

Каматната стапка по која Шпаркасе банка ги добива парите е 1,65 проценти, а крајниот трошок со провизија за нив е 1,95 проценти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail