Ед Ширан добил тужба за плагијат, тоа може да го чини 100 милиони долари

ed-shiran.jpg

Ед Ширан добил тужба за плагијат и ако се докаже дека е виновен ќе мора да плати дури 100 милиони долари, пишува Esquere.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Славниот пејач го тужи семејството на покојниот Марвин Геј, тврдејќи дека е плагијат неговиот најголем хит „Lets Get It On“ од 1973 година, пренесува хрватски Индекс.

Во тужбата навеле дека во својата песна „Thinking Out Loud“, ја искористил мелодијата, ритамот, хармонијата, тапаните, темпото и пратечките вокали.

Песната „Thinking Out Loud“ објавена е на неговиот албум X кој е продаден во повеќе од 15 милиони примероци, а на YouTube песната е преслушана повеќе од милијарда пати.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top