Еден од најпознатите острови на светот се затвора за туристи

Komodo-figth-e1554837778840-681x392.jpg

Познатиот индонезиски остров Комодо, најверојатно ќе биде затворен за туристи откако полицајци уапсиле група шверцери на прочуените комодски змејови, најголемите живи влечуги од видот на гуштери.

Како што пишува индонезискиот магазин “Темпо”, владата привремено ќе ја затвори туристичката атракција во јануари 2020 година, а датумот за повторно отворање не е објавен.

Додека островот е затворен, експертите ќе ги испитуваат залихите на храна кои се на располагање на овие гуштери, ќе работат на зачувување на ендемските видови и ќе го испитуваат квалитетот на животната средина. Целта е да се зголеми популацијата на змејови која значително опаднала со порастот на туристи.

Верувале или не, шверцерите ги продавале овие гуштери во цена од 35 000 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail