Еден процент од најбогатите луѓе заработуваат 82 отсто од светските пари

oksfam.jpg

Во текот на изминатата година дополнително е проширен јазот меѓу сиромашните и богатите, покажуваат податоците од истражувањето на Меѓународната конфедерација за хуманитарна помош против глобалното сиромаштво „Оксфам“.

Во извештајот од истражувањето е наведено дека, дури 82 отсто од светските пари ги поседуваат еден процент од најбогатата светска популација, додека 3,7 милијарди луѓе, кои ја опфаќаат најсиромашната популација, немаат парични средства.

Од „Оксфам“ истакнуваат дека на мала елитна група и е овозможено да акумулира големо богатство на „сметка“ на стотици милиони лица.

Исто така, од Kонфедерацијата предупредуваат дека светската економија е изградена на „грбот“ на обичните работници кои се заробени во сиромаштија, додека користа од економскиот раст и понатаму се концентрира на неколкумина.

Како главни виновници за огромниот јаз, се наведуваат: избегнувањето на плаќањето на данок, влијанието на корупцијата врз политичарите, агресивното намалување на трошоците за производство и слично.

Имено, осуммината најбогати поседуваат колку и 50 отсто од најсиромашните луѓе во светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top