riko.jpg
Денеска се наврши една година од потпишувањето на Спогодбата за формирање на Канцеларијата за регионална младинска соработка (RYCO).
 
По тој повод во просториите на Резиденцијата на Амбасадата на Франција се одржа прес-конференција на која свое учество земаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и амбасадорите на Франција, Австрија, Германија и Италија кои заедно ја истакнаа важноста на воспоставувањето на RYCO.
Во своето обраќање, Каевски ги акцентираше придобивките од RYCO за младите луѓе во Македонија. Тој нагласи дека веќе од септември, RYCO ќе започне со првите проекти за млади, кои нудат размена на млади.
 
– ,,Агенцијата за млади и спорт ќе биде партнер на младите луѓе. Ќе посветиме големо внимание на намалување на младинската невработеност која е поголема од 50 %. Нашата цел е целосна отвореност и транспарентност на АМС, сите политики и решенија за млади ќе ги носиме заедно во консултација со младите и младинските организации”, посочи Дарко Каевски и го повика македонското граѓанско и младинско општество да ја искористи шансата преку креирање и предлагање на конкретни проекти.
Македонија се враќа на патот на евроинтеграциите, младите се нашиот фокус, а RYCO е начин за поголема мобилност на младите, размена и полесен излез на пазарот на трудот.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail