Една истрага ја намали вредноста на биткоинот за 12%

bitcoin-perfecthue.jpg

Вредноста на дигиталната валута биткоин, вчера падна за 12%, на 797 долари, што е пад од 108 долари.

До падот дојде откако Кина објави дека отворила истрага за тргување со биткоини во земјата, поради манипулација на пазарот, перење пари, неовластено финансирање и други прашања, објави Ројтерс.

Вчерашниот пад се случи откако се чинеше дека криптовалутата влезе во фаза на стабилизација на вредноста – три дена се држеше меѓу 880 и 920 долари.

Биткоинот ја заклучи 2016 година со поголем скок на вредноста од сите стандардни валути, а на почетокот на оваа година го пречекори нивото од илјада долари, првпат во три години.

Курсот на биткоинот осцилира откако е создаден. Во два месеци кон крајот на 2013 година неговата вредност беше зголемена за десет пати, пречекорувајќи го нивото од 1.100 долари, за потоа, за само неколку седмици по хакерски напад на токиската платформа за тргување со биткоини, Mt. Gox, дапотоне под 400 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail