Една поинаква страна на Виена

featured.png

Во музејот на магионичарски трикови во Виена можете да доживеете волшебни моменти. Над 3.000 магионичарски кутии од последните три века и од целиот свет ги фасцинираат посетителите на овој несекојдневен музеј.

Со најголемата збирка од магионичарски кутии во светот музејот влезе и во Гинисовата книга на рекорди.

Доколку сакате се да Ви биде прегледано во градот тогаш морате да ја посетите и најмалата куќа во Виена. Оваа куќа се наоѓа во Седмиот Виенски округ, на аголот од улиците  „Бургасе“ и „Брајтегасе“, а нејзината површина изнесува само 14 м2. Куќата ја проектирал архитектот Јозеф Дурст, а била изградена во 1872 година. Денеска  во оваа куќа е сместена продавница на часовници.

Уште еден необичен музеј се наоѓа во 15. Виенски округ, а во прашање е музеј на контрацепцијата и абортусот. Експонатите и текстовите на посетителите им ја откриваат историјата на контрацепцијата. Во овој музеј ќе можете да дознаете се за првите контрацептивни методи од времето на старите Египѓани и првите доверливи тестови за бременост.

Во центарот на Виена се наоѓа еден од првите јавни тоалети што бил отворен во 1905 година за да се подобри хигиенската ситуација во австриската престолнина. Тоалетот е реновиран и прилагоден на денешните потреби, па ова културно добро може и да се користи.

Една операциска сала во болницата „Херц Језу“ во Виена се наоѓа надвор од зградата на болницата и делува како да лебди во воздух. Модерно опремената сала е исполнета со сите медицински стандарди, но по реконструкцијата на болницата е изместена од зградата. По завршувањето на градежните работи салата ќе биде вратена во зградата на болницата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail