droga.jpeg

Дрогите хероин и кокаин се толку присутни во нашата околина што често дури и луѓето кои никогаш не ги консумирале ги имаат нивните траги на прстите.

Дрогите станале толку раширени што 13% од луѓето имаат траги од кокаин или хероин на прстите, и покрај тоа што никогаш не ги консумирале, открива најновото шокантно истражување. Намерата на истражувањето била да докаже дали трагите од дрога на прстите претставуваат доказ дека лицето навистина консумирало дрога, или само било изложено на неа, пишува “Mirror”.

Загадувачи на околината
Научниците од Универзитетот во Сури ги тестирале прстите на 50 доброволци кои не консумирале дрога и на 15 корисници на дрога кои потврдиле дека користеле кокаин или хероин во претходните 24 часа. И покрај тоа што немале историја на користење на дрога, научниците пронашле траги од хероин и кокаин кај 13% од “чистите” доброволци.

“Верувале или не, но кокаинот е чест загадувач на околината, добро е познато дека е присутен на многу пари”, рекла др. Меланија Бејли, која работела на истражувањето. “Но и покрај тоа, не изненади фактот што дрогата е детектирана кај толку многу луѓе”.

Научниците поставиле посебна таблица со резултатите со чија помош можеле да ја одредат разликата меѓу примероците на прстите на кои трагите од дрога имаат потекло од околината, и оние кои навистина користеле дрога, дури и откако ќе ги измиеле рацете.

Се пренесува и со ракување
За да се тестира пренесувањето на дрогата преку ракувањето, чистите доброволци се ракувале со корисниците на дрога. Резултатите покажале дека кокаинот и хероинот можат да се пренесат со ракување, но со прилагодената таблица од резултатите од тестовите научниците можеле да ги разликуваат корисниците на дрога и лицата со секундарен трансфер.

“Јасно е дека тестирањето на прстите е иднината на тестирањето за дрога”, рекол Махадо Исмаил, главен автор на истражувањето. “Постојат многу фактори кои одат во прилог на ваквиот вид на тестирање – лесно се врши, а со помош на примероците лесно се идентификува донорот. Нашето истражување ќе помогне да се додаде уште еден слој во безбедноста на тестирањето на прстите”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail