Едноставен тест на здивот може да открие рак и 16 други болести

doktor.jpg

Со користење на златни наночестички и вештачка интелигенција, со новиот уред правилно се дијагностицирани 86% од пациентите.

Познато е дека нашиот здив е силен индикатор на здравјето, но колку тоа е точно докажаа истражувачите од Израелскиот институт за технологија. Тие развиле уред кој користи наночестички за идентификација на 17 различни болести, вклучувајќи рак на белите дробови и Паркинсова болест од само еден здив.

Додека уредот сеуште не е доволно точен при дијагностицирање на болести, негово унапредување во иднина ветува резултати како дијагноза на болестите уште во најраните фази со само еден неинвазивен тест.

Тимот тестирал примероци на здив на повеќе од 1400 пациенти и идентификувал 13 хемикалии кои се наоѓаат во 8 видови на рак, Кронова болест, Паркинсонова болест, пулмонална хипертензија и други болести. Секое од овие испарливи органски соединенија е присутно во ограничени количини, формирајќи карактеристичен “отпечаток” за секоја болест.

“Овие мирисни потписи се она што ни овозможува да се идентификуваат болести со помош на технологијата која се развива”, вели лидерот на студијата, Проф. Hossam Haick.

За да го соберат присуството и односот на соединенијата, тимот изгради вештачки интелигентен уред со нано зраци, наречен “Na-Nose”. Уредот користи специфични сензори, еден направен од златни наночестички, а другиот користи мрежа на јаглерод наноцевки со цел да ги почувствува соединенијата.

Податоците потоа се анализирани со систем на вештачка интелигенција, кој ја зема во предвид возраста, полот и други фактори, селектирајќи ја вистинската последица во 86% од времето.

Уредот не е доволно точен за клиничка дијагноза, но може да се користи како рутински тест за да се открие болеста во раните фази кога најлесно да се лекува. “На пример, во случај на рак на белите дробови може да се зголеми стапката за преживување од 10 до 70 проценти благодарение на рана дијагноза”, вели Haick во видеото погоре. Уредот дури може да се користи за идентификација на луѓе кои не се болни, но постои голем ризик да заболат поради одредени околности.

“Уредот е на располагање, без потребните инвазивни и непријатни процедури, тестот не е опасен и болен и може да се тестирате повеќе пати доколку тоа е потребно.” додава Haick.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail