EESTEC Academy Модул 2 “Енергија и одржлив развој”

FEIT-logo.png

Collaboration between POWERVIEW and FEEIT

Датум на настан: 25.12.2020

EESTEC Academy претставува серија бесплатни предавања (модули) на одредена тема, која неколку години се одржува на техничкиот кампус.

Главна цел на настанот е да се овозможи на студентите, паралелно со нивните студии, да добијат дополнително знаење и вештини кои ќе им отворат нови перспективи во понатамошниот развој.

Темата на вториот модул е “Енергија и одржлив развој”. Предавањата ќе бидат оддржани од страна на професори од ФЕИТ.

EESTEC Academy ќе се одржи на 25 и 26 декември. Во продолжение ви ја доставуваме и самата агенда.

Петок (25ти декември)

12:45-13:00 – Отворање на настанот

13:00-14:00 – Врска меѓу електроенергетиката и одржливиот развој – проф. Снежана Чундева

14:15-15:15 – Електроенергетски мрежи – проф. Рубин Талески

Сабота (26ти декември)

13:00-14:00 – Аспекти на подобрување на енергетската ефикасност на електричните мотори – проф. Гога Цветковски

14:15-15:15 – Примена на нови технологии кај згради со потрошувачка на енергија близу до нула (nZEB) – проф. Христина Спасевска

Ги покануваме сите студенти кои се заинтересирани да се надоградат себе си и да стекнат нови знаења и вештини.
Ги очекуваме Вашите пријави на следната форма: https://forms.gle/4x3oYzkaBnH2zuZg7
Формата за пријавување ќе биде отворена до 23ти декември.

Повеќе информации за настанот може да добиете на:

https://fb.me/e/4CgHDzYHM


Извор: ФЕИТ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail