Ехо Фестивал на планински филм 2020

Eho-Festival-na-planinski-film-2020.jpg

Ехо Фестивал на планински филм 2020

11то Издание на ЕХО Фестивалот за планински филм, оваа година се одржува во рамки на 5те фестивалски денови, односно со секојдневни проекции во две кино сали: Кино Милениум, ГТЦ
и Кино Фросина, МКЦ.
Подигнување билети од 1-ви Октомври.
ПОНЕДЕЛНИК, 05.10.2020г.
— кино МИЛЕНИУМ
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Еверест – Тешкиот пат“, Павол Барабаш (Словачка), 2020, 52’
Блок 2, почеток 20:15 часот
„47 врва“, Хју Ердин (Велика Британија), 2020, 45’
— Кино ФРОСИНА
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Рајско (Патување кон замрзнати водопади)“, Даниел Блоер/Јонас Шилд/Николас Хојац (Швајцарија), 2020, 18”
„Големиот момент“, Игнаси Лопез Фабрегас (Шпанија), 2020, 13’
„Тура по балканските реки 4/ Акција за дивите реки“, Матич Облак/ Митја Легат/ Тим Вртник (Словенија), 2019, 11’
„За паѓањето“, Џозефин Андерсон (Канада), 2019, 14’
Блок 2, почеток 20:15 часот
„Елемента“, Ричард Сиди (Нов Зеланд), 2020, 43’
*****
ВТОРНИК, 06.10.2020г.
— кино МИЛЕНИУМ
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Супер Французот“, Чејс Огден (САД), 2019, 80’
— кино ФРОСИНА
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Легендата за Муксу“, Олаф Обсомер (Германија), 2020, 42’
Блок 2, почеток 20:05 часот
„Базбедност123“, Јулија Гутвенигер/Флориан Кофлер (Австрија), 2019, 72’
****
СРЕДА, 07.10.2020г.
— кино МИЛЕНИУМ
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Од океанот до небото“, Мајкл Дилон (Австралија), 2019, 106’
Блок 2, почеток 21:10 часот
„83° Скијање на Северот“, Мaтијас Мaер, 54’
— Кино ФРОСИНА
Блок 1, почеток 19:00 часот
„НЛО живот“, Јан Шиманек (Чешка), 2020, 33’
„Движење низ Белото“, Ото Хеикола (Финска), 2019, 28’
“Плима“, Манон Куба (Франција), 2019, 30’
****
ЧЕТВРТОК, 08.10.2020г.
— кино МИЛЕНИУМ
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Каменоломи“, Ахиле Маури (Италија), 2020, 26’
„Пукнатина“, Кристоф Марго (Швајцарија), 2019, 26’
„Кино Иан“, Тобиа Пасиџато (Италија), 2019, 10’
Блок 2, почеток 20:30 часот
„12000км“, Ерик Ниландер (Шведска), 2019, 28’
„Сам“, Роберт Жаспер (Германија), 2019, 10’
„Помеѓу ѕидови“, Јакоб Швајгофер/Јоханес Хофман/Симон Плацер (Австрија), 2020, 2’
„Остани зафатен“, Митја Легат (Словенија), 2020, 2’
„Вурм – Патување низ Шкотска“, Џулиен Худим (Велика Британија), 2020, 3’
„8848“, Стефан Војводов (Бугарија), 2020, 4’
„Обземен“, Ричард Сиди (Нов Зеланд), 2020, 5’
„Направено при патување“, Џои Шуслер/Вајли Каупас (САД), 2020, 20’
— кино ФРОСИНА
Блок 1, почеток 19:00 часот
„Чолити“, Жаим Мурсиего/Пабло Ирабуру (Шпанија), 2019, 80’
Блок 2, почеток 20:45 часот
„Животни на границите“, Корнелиа Фолк (Германија), 2019, 44’
****
ПЕТОК, 09.09.2020г.
— кино МИЛЕНИУМ
Блок1, 20:00 Прогласување на победниците и затворање на фестивалот
20:30 „На тенок мраз“, Хенри М. Микс/ Боас Шварц (Германија), 2020, 52’
ВЛЕЗ БЕСПЛАТЕН:
Со претходно подигнати билети – (Задолжително влегување во кино сала со претходно обезбедени online подигнување на билет – https://bileti.mkc.mk или на шалтер во кино – ако има останато )
Фестивалот ќе биде реализиран со строго почитување на Протоколот за организација на настани
Протокол за посетување кино:
– Задолжително e носењето лична заштитна опрема (маска) за сите посетители на киното. Маската е задолжителна за цело времетраење на посетата на киното, во сите простории: хол, тоалет, киносала за цело времетраење на проекцијата.
– Задолжително е одржување физичка дистанца од 1,5 – 2 метри помеѓу посетителите пред билетарницата, пред влезот во холот, пред влезот во киносалата и при купување на шанкот.
– Не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката во холот или киносалата.
– Задолжителна дезинфекција на рацете за сите посетители при влез во киното.
– Задолжително мерење на телесната температура на сите посетители при влез во киното. Доколку посетителот има покачена телесна температура истиот се повлекува на страна и температурата повторно се мери по 5 минути и ако е повторно покачена посетителот може да ја замени каратата за проекција во друг ден. Ако билетот е набавен преку електронски пат, посетителот ги прифаќа
Условите за користење на онланј-продажба на билети на ЈУ МКЦ објавени на веб-страната.
– Се препорачува електронска набавка на билети. Доколку билетот се подигнува на билетарница, задолжително е одржување дистанца од 1,5 до 2 метри, и истото растојание меѓу вработениот и посетителот.
– Продажбата на пијалоци се одвива на шанкот во холот на кино Милениум и кино Фросина при што задолжително е одржување дистанца од 1.5 м помеѓу посетителите. Се препорачува плаќањето да се изврши со користење бесконтактни платежни картички.
– Задолжително седење само на местото за седење обележано на билетот.
– Користењето на тоалетите е ограничено на максимум двајца посетители во исто време.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail