Ејпл им конкурира на Нетфликс и на Амазон – ќе претстави свој сервис за гледање видеа

apple-video-streaming-service-e1548845648973.jpg

Малку е познато за сервисот за гледање видеа на Apple, освен дека ветува понуда на оригинални содржини. Меѓутоа, според новите информации, Apple својот сервис ќе го претстави напролет. Наводно, Apple за неколку извори откри дека нивната понуда преку сервисот ќе биде достапна од април годинава.

Како што пишува The Verge, меѓу тие содржини може да бидат независната филмска куќа A24 и мрежата на Опра Винфри, со кои Apple потпишаа повеќегодишни договори. Уште не се познати информациите за тоа колку ќе ги чини корисниците оваа нова услуга на Apple.

Се очекува дека во април и компанијата Disney ќе го претстави својот сервис Disney+. Иако овој сервис нема официјално да почне со работа до крајот на 2019 година, Disney сака што побрзо да им ја покаже иднината на претплатниците.

Доколку и Apple и Disney ги лансираат своите платформи за емитување видеа до крајот на 2019 година, тоа значи дека корисниците ќе имаат пристап до бројни платформи за пренос на податоци од големи корпорации, вклучувајќи и гиганти како Hulu, Amazon Prime и Netflix.

Големото прашање е каква ќе биде содржината на сервисот на Apple. Американскиот технолошки гигант најави дека ќе понуди ексклузивни и квалитетни содржини од свое производство.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail