Ap_facebook_dislike-37vnks0ku95qpdwf7zrnr4.jpg

Apple сериозно ги ограничи можностите на Facebook на iOS. Друштвената мрежа не може повеќе да дистрибуира интерно iOS апликации. Причина за ова е злоупотребата на системот кој го направи Facebook.

Facebook беше дел од компаниите кои имаа можност интерно да лансираат апликации. Целта на оваа функционалност е компании да можат да си лансираат апликации за своите вработени, без притоа да поминуваат низ процесите за тестирање на Apple. Ова важи за апликации кои на пример се во фаза на развој во која уште се прават интерни тестови. Друга примена се апликации кои се наменети за вработените во овие компании. Facebook оваа функционалност ја користи и за лансирање на бета апликации до вработените, но и за интерни апликации; пример возен ред или менија за храна.

It’s a safe bet that Apple has never revoked a company as large as Facebook from its enterprise certificate program. There are probably thousands of devices running apps Facebook has sideloaded this way. Now anything FB does on iOS has to go through App Store review.

Сепак причината поради која Facebook ја изгуби оваа функционалност е злоупотреба. Компанијата го искористи овој канал да лансира апликации до корисниците. Овие апликации не ја поминаа контролата на Apple, и Apple одлучи дека ова е нарушување на договорот. Ова ја ограничи можноста на вработените во Facebook да ги дистрибуираат овие апликации, но и ја исклучи можноста се користат сите вакви апликации; од оние во развој, до апликациите кои се користат интерно. „Погодени“ од мерките се верзиите на Facebook, Instagram, WhatsApp и Messenger, јави Verge.

Ова за Facebook значи дека барем засега сите апликации ќе мора да ги објавува преку Apple, со тоа сите апликации ќе бидат јавни.

Апликацијата со која Facebook ги наруши правилата за користење е Project Atlas. Веројатно стравувајќи дека нема да ги поминат тестовите за јавна апликација, апликацијата ја дистрибуираа преку Developer Enterprise Program. Project Atlas е апликација со која Facebook ги следи корисниците и надовор од друштвената мрежа. Facebook вели дека намената и е истражување на пазарот. Корисниците на апликацијата во замена за приватноста секој месец добивале ваучери во вредност од 20 долари; поточно помеѓу 15 и 35 долари.

Одговорот на Facebook стигна набрзо откако Apple ја отстрани апликацијата која ги собираше личните податоци на корисниците.

„Се игнорираат клучни факти за ова истражување на пазарот. Покрај првите извештаи, немаше ништо тајно за оваа програма; буквално се викаше Facebook Research App. Не шпионираше никого, сите луѓе кои се вклучија минаа низ процес во кој беше побарана нивната согласност и им беше платено за учество. Конечно помалку од 5% од учесниците се тинејџери, а сите имаа потпишана форма од старател“.

Apple е една од компаниите кои го критикуваа Facebook за начинот на кој компанијата се справи со податоците на корисниците во скандалот со Cambridge Analytica. Можеби ова објаснување и ќе поминеше во конгресот пред некој месец, но не и кај Apple. Веројатно поради злоупотребата на Facebook во непосредното минато, Apple и ќе добие поддршка од јавноста. Ако Facebook не може сам да ја гарантира приватноста на корисниците, се чини дека за iOS, Apple ќе го направи тоа наместо него.

Речиси истовремено TechCrunch откри дека и Google има слична апликација, Screenwise Meter која ги следи навиките на корисниците. Google ја дистрибуира преку Developer Enterprise Program. Google ја отстрани оваа апликација заедно со извинување до Apple и до корисниците.

извор: ит.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail