kgn-img-492031.jpg

Apple ги скенира корисничките фотографии за да најде докази за злоупотреба на детски фотографии, но американската технолошка компанија не открива како функционира ваквиот вид на скенирање.

Овој податок ги загрижува корисниците на уредите на Apple, особено што не е познато од кога компанијата ја има оваа пракса.

Информацијата за скенирање на фотографии ја потврди и Џејн Хорват, директорката на Apple која на настанот во Лас Вегас вели дека компанијата користи технологија со помош на која пронаоѓа материјали за сексуално злоставување на деца.

И порано се претпоставуваше дека Apple можеби има ваква пракса, но дури сега од компанијата признаа дека го прават тоа.

Со тоа Apple се придружи и на другите компании како што се Facebook, Twitter и Google кои одамна ја користат алатката за скенирање на фотографии позната како PhotoDNA.

Оваа алатка ги прегледува фотографиите со помош на базата податоци на познати злоставувачи.

Оваа пракса на Apple ги подели мислењата на нивните корисници. Некои корисници ја поддржуваат одлуката на компанијата за сузбивање на криминалот, додека други го критикуваат Apple дека ја компромитира приватноста на податоците на корисниците.

Меѓутоа, технолошкиот експерт Бил Мју истакнува дека ваквите критики се погрешни и тврди дека оваа нова мерка е поради безбедносни причини.

извор: Кајгана

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail