Еко-катастрофа: Потребни се 450 години за да се разградат маските

Eko-katastrofa-Potrebni-se-450-godini-za-da-se-razgradat-maskite.jpeg

Еко-катастрофа: Потребни се 450 години за да се разградат маските

Се проценува дека 1,56 милијарди заштитни маски оваа година завршиле во океаните ширум светот поради пандемијата „Covid-19“, што остава сериозни последици врз морските животни и растенија, се вели во извештајот на една организација за заштита на морето.

Организацијата „Океани Азија“ со седиште во Хонг Конг, објави извештај кој покажува дека морскиот свет е загаден со дополнителни 4.680 до 6.240 тони пластика поради неправилно фрлените маски.

Во извештајот се наведува дека се потребни 450 години за да се разградат маските, и дека дури и тогаш, микропластиката ќе им наштети на морскиот свет и екосистемот.

Како што е наведено, поради пандемијата, имало значително почеста употреба на пластика за една употреба, како опрема за лична заштита, пакување на хигиенски производи и набавка на храна за носење.

Во исто време, голем број мерки дизајнирани да ја намалат потрошувачката на пластика, како што е забраната за пластични кеси за еднократна употреба, се „одложени, паузирани или укинати“.

Загадувањето со пластика убива околу 100.000 морски цицачи и желки годишно, повеќе од еден милион птици, како и огромен број риби, без’рбетници и други животни, соопшти организацијата Океани Азија.

Додадено е дека има негативно влијание врз риболовот и туризмот и ја чини глобалната економија околу 13 милијарди долари годишно. Извештајот предлага употреба на заштитни маски за повеќекратна употреба и информирање на јавноста за правилно отстранување на отпадот.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail