Екоакцијата на Ротари Македонија успешно ослободи 13 македонски градови од 15 тони

rotari-klub.jpg

Eкоактивностите за собирање и селекција на отпадот од јавните површини во 13 градови низ Македонија, во организација на Ротари Македонија – заврши успешно, а беа собрани 15 тони отпад.

Викендот што измина, поточна на 12 мај, со почеток во 10.30 часот, Ротари Македонија, во соработка со Пакомак, организираа голема екоакција за собирање и селекција на отпад во која учестуваа околу 400 ротаријанци од сите градови каде има Ротари клубови.

Со акцијата под мотото „Ракавици, кеса, селекција – сите во екоација!“ беше одбележан првиот Ротари ден во Македонија, а беше поддржана од пријатели на клубовите и случајни минувачи.

„Нашата главната цел е да се подигне свеста за чиста околина, селекција на отпадот и значењето да се има чист град, како и дружба на членовите на клубот меѓусебе и со сите активни граѓани кои ќе се вклучат на акцијата“ – изјавија членови на Сојузот на Ротари Клубовите.

Екоакцијата се одвиваше паралелно во 13 градови во Македонија: Скопје, Велес, Кочани, Виница, Куманово, Тетово, Неготино, Штип, Прилеп, Кавадарци, Св.Николе, Битола и Охрид.

Ротари клубовите од цела Македонија им благодарат на граѓаните во споменатите градови кои се приклучија на екоакцијата и со овој мал чекор, заедно овозможија почиста средина за живеење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail