Еколози: Бесплатниот автобус краткорочно решение за загадувањето

magla-vo-skopje-17.jpg

Крајно време е властите да преземат мерки за намалување на загадувањето на воздухот кое достигна ниво десетпати над дозволеното, порачаа невладините организации за зачувување на животната средина. Бараат примена на мерките кои итно треба да дадат подобрување на состојбата.

„Од итни мерки кои во моментов можат да се направат, треба да се стимулираат сите претпријатија да ги натераат своите вработени да патуваат заедно на работа за да се намали аерозагадувањето од возилата. Од друга страна, треба да се горат почисти горива во печките, значи оние коишто горат цврсто гориво, јаглен во ниту еден случај во вакви услови не смее да се гори, дрвото да биде со оптимална сувост…“, рече Невена Смилеска од Центарот за истражување на животна средина – Екосвест.

Велат и дека не треба да се застане на ова, туку да се продолжии и со примена на среднорочни и на долгорочни мерки за да може да се реши загадувањето на воздухот. Но, проблемот е и во тоа што три години надлежните се глуви за нивните предлози. За невладината ОРТ освен институциите, виновни за загадувањето се и самите граѓани. Побараа од скопските општини 24 часовна контрола низ населбите, за да се види колку жителите ги почитуваат препораките за намалување на загаденоста.

„Некои општини го прифаќаат тоа, некои не. Да се приклучат во контролата на загадувањето под број еден, со три смени на иснпекторатот, да ги контролираат и дивите загадувачи, и дивите индустрии, и тие што горат по отпад и тие што горат дома“, вели Биљана Стевановска, ОРТ – организација за одржлив развој.

Според невладините, мерките на Градот Скопје кои се однесуваат на јавниот превоз ќе дадат краткорочни резултати, а на градот му е потребен долгорочен план. Голем ангажман очекуваат и од инспекторите кои ќе го надгледуваат градежниот сектор, бидејќи како што велат, дури 50% од загадувањето го предизвикува градежништвото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail