Економски факултет – Скопје дел од Central and South-East European PhD Network

CESEEnetLogo-564x131-1.png

Економскиот факултет-Скопје, УКИМ, од 05.02.2020 година, и официјално стана членка на CESEENet мрежата (South-East European PhD Network)  која има за цел да ја унапреди и олесни соработката меѓу универзитетите од Централна и Источна Европа кои нудат докторски студии од областите Економија и Бизнис, со цел да се зголеми квалитетот на нивните програми.

Оваа  мрежа им овозможува на универзитетите да организираат:

  • Заеднички курсеви во специјалните научни области
  • Истражувачки семинари
  • Размена на студенти на докторски студии
  • Интензивирање на соработката на поле на научно- истражувачката работа.

Членките на на CESEENet мрежата имаат можност да учествуваат во активностите на мрежата, истовремено задржувајќи го интегритетот на своите акредитирани програми за докторски студии во рамки на самата мрежа.

 

Повеќе информации за CESEENet мрежата  на следниот линк

https://ceseephd.net/

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail