okean.jpg

Милијардерот и основач на авиокомпанијата Virgin Ричард Бренсон се приклучи кон експедицијата за истражување на најголемата мистерија во океанот – Големата сина дупка кај Белизе.

Големата сина дупка е најголемото морско свлечиште на светот, широко 300 метри, а длабоко околу 125 метри.

Била откриена во 1971 година од истражувачот Жак Кусто. Речиси половина век подоцна, иако дупката е голем хит за нуркачите, уште е релативно неистражена.

Внукот на Кокто, Фабиен Корто ќе му се придружи на Бренсон кој ја води организацијата Ocean Unite за истражување на дупки со специјалната подморница Aquatica Stingray 500 и заедно ќе откриваат што се наоѓа на дното на Големата сина дупка.

Се претпоставува дека Големата сина дупка некогаш била пештера, кога тука уште имало копно. Новата експедиција треба да одговори на прашањата за нејзиното потекло и за тоа што се наоѓа на дното на мистериозната дупка.

Експедицијата насловена Blue Hole Belize 2018 Expedition ќе се емитува во живо денеска на каналот Discovery.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail