majmun.jpg

Научниците на Далечниот исток успешно вградиле човечки гени во мозокот на мајмуните.

Постапката била дел од истражувањето кое имало за цел да стекне увид во единствената еволуција на човековата интелигенција.

Меѓутоа, тестовите предизвикале жестока етичка дебата, а некои ги споредувале со дистописки научно-фантастичната филмска франжиза “Planet of The Apes”.

Во филмовите, луѓето се судираат со нов вид на суперинтелигентни мајмуни во борба за власт.

Истражувањето покажало дека научниците ставиле човечка верзија на MCPH1 во 11 резус мајмуни. Научниците веруваат дека генот помага во развојот на човечкиот мозок.

На мозоците на мајмуните, како и оние кои им припаѓаат на луѓето, им требало повеќе време да се развијат. Животните имале подобри резултати во тестовите за краткотрајна меморија и покажале подобро време на реакција од дивите мајмуни.

Но, тие не развиле поголем мозок од контролните групи, пренесува “Стрејт Тајмс”.

Истражувањето било спроведено од страна на научници во Кунминг институтот за зоологија и Кинеската академија на наука, работејќи со американски истражувачи на Универзитетот во Северна Каролина.

“Нашите резултати покажаа дека трансгените нехумани примати имаат потенцијал да пружат важен и потенцијално единствен увид во основата на прашањето за тоа што всушност го прави човекот единствен”, напишале авторите.

Само пет мајмуни ја преживеале фазата на тестирање.

Меѓутоа, авторите велат дека ресус мајмунот, иако генетски поблизок до луѓето отколку до глодарите, уште е далеку да ги ублажи етичките грижи.

Некои научници ја доведуваат во прашање етиката на експериментот, најнов во низата биомедицински истражувања во Кина.

Меѓутоа, професорот Лери Баум, од Центарот за геномски науки при Универзитетот Хонг Конг, ја намалил загриженоста.

“Геномот на резус мајмуните се разликува од нашите за неколку проценти. Тоа се милиони поединечни бази на ДНК кои се разликуваат меѓу луѓето и мајмуните”, вели тој.

Ова истражување променило само една од околу 20.000 гени. “Вие одлучете дали имате причина за грижи”, вели тој.

Професорот Баум тврди дека истражувањето ја поддржало теоријата дека “бавната зрелост на мозочните ќелии може да биде фактор во подобрувањето на интелигенцијата во текот на човековата еволуција”.

Истражувањето било објавено минатиот месец во списанието “National Sciece Review” од Пекинг.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail