Експериментот со близнаци: ДНК во вселената се менува

bliznaci.png

Астронаутот Скот Кели помина една година во вселената и сега неговата дезоксирибонуклеинска киселина (нуклеинска киселина застапена главно во јадрото на клетката) се разликува од ДНК-то на неговиот идентичен брат близнак.

– Едногодишен престој во вселената, не само што го менува изгледот на човек, туку ги трансформира и неговите гени – коментира Си-ен-ен во врска со прелиминарните резултати од студијата на НАСА со близнаците Скот и Марк Кели.

Резултатите покажале дека 7 отсто од гените на Скот не се вратиле во првобитна состојба откако тој се вратил на Земјата, пред две години. Научниците изјавиле дека 7 отсто од гените претрпеле „неочекувани“ промени.

Студијата имаше за цел да открие што ќе се случува со Скот Кели, пред, за време на престојот и по напуштањето на Меѓународната вселенска станица, преку најразлични споредби со неговиот идентичен близнак Марк, кој во истиот период остана на Земајта. Заклучокот на НАСА е дека претходно идентичните близнаци повеќе не се генетски исти.

Скот Кели на својот профил на Твитер соопштил дека за резултатот дознал од медиумите.

– Кој би рекол. Ова би можеле да бидат добри вести! Веќе не морам својот брат да го викам идентична копија – се пошегувал астронаутот.

Од НАСА наведуваат дека престојот од 340 дена во вселената најверојатно кај Кели го активирало она што научниците го викаат „вселенски гени“.

– Физичкиот стрес што телото го доживува во текот на патувањето во вселената може да доведе до промени на патеката на создавање на РНК и ДНК. Тие процеси можат да доведат до групирање на нови молекули, на пример масти и протеини, да доведат до распаѓање на клетките или да активираат или „исклучат“ гени со што доведуваат до промени во функциите на клетките – наведуваат од НАСА.

Истражувачите посчуваат дека овие долготрајни промени се поврзани со имунолошкиот систем на Кели, обновувањето на неговата ДНК, системот на создавање на коскеното ткиво.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top