Експерти од Оксфорд и Јеил предвидуваат дека ерата на роботите ќе почне од 2024 година

robots-taxes1-600x398.jpg

Ескперти од областа на роботиката предвидуваат дека роботите ќе почнат да ги преземаати работите од луѓето од 2024 година. Тогаш роботиката ќе биде поразвиена и помоќна за лидерство и пишување есеи. Во текот на 2027 година роботите ќе го преземат возењето камиони, во 2031 година ќе завладеат со продавниците, а до средината на векот ќе се изумат и роботи-писатели и роботите ќе бидат тие кои ќе пишуваат бестселери. До 2053 година луѓето во болниците ќе ги оперираа доктор робот.

Научниците проценуваат дека постои 50% веројатност дека вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката интелигенција во текот на наредните 45 години и дека за 120 години сите работи кои ги врши човекот ќе бидат автоматизирани.

Азиските експерти веруваат дека роботите ќе им ја преземат работата на луѓето и многу порано. Овие предвидувања се резултати на анкета спроведена меу експерти кои се занимаваат со роботи. Во анкетата учествувале 35 експерти.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail