Експерти за чистење тврдат дека не треба да го наместите креветот веднаш штом ќе се разбудите, еве зошто

Eksperti-za-chistenje-tvrdat-deka-ne-treba-da-go-namestite-krevetot-vednash-shtom-kje-se-razbudite-eve-zoshto.jpg

Експерти за чистење тврдат дека не треба да го наместите креветот веднаш штом ќе се разбудите, еве зошто

Местењето на кревет е задача што многумина од нас ја извршуваат веднаш штом ќе се разбудат, со цел да се подготват за продуктивен ден. Но, излегува дека таа навика може да биде лоша за вашето здравје.

Експертите за чистење и чистачите од MattressNextDay ги открија деветте најчести митови за чистење душеци и постелнини, вклучувајќи и зошто не треба да го чистите креветот веднаш по будењето, а причината е доста загрижувачка.

Како што објаснија, грините ја сакаат топлината на вашиот кревет и остануваат на него. Затоа, треба да ги тресете покривачите секое утро и да ги оставите да зрачат и да го отворите прозорецот за да се ветрее собата.

Тие исто така додадоа дека постелнината треба да се мие еднаш неделно, на 60 степени, за да се убијат сите штетници и да се отстрани нечистотијата.

Од друга страна, нечистотијата, потта и производите што ги ставате на кожата пред спиење може да се насоберат на навлаката за перници. Затоа, перниците треба да се чистат почесто од ќебињата – двапати неделно.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail