Експертите на Volvo со награда за безбедност на патишта

Volvo-cars-so-priznanie-za-bezbednost-na-patishtata.jpg

Safety experts Per Lenhoff and Magdalena Lindman

Експертите за безбедност на Volvo Cars добија престижна награда од Националната администрација за безбедност на автопатишта на Соединетите Американски Држави.

Volvo Cars, произведувачот на премиум автомобили и синоним за напредни и безбедни системи, уште еднаш е признат по својот придонес за унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на фаталните и тешките повреди на патиштата.

Пер Лехнов, сениор менаџер и Магдалена Линдмен, технички експерт за анализа на податоци за безбедност во сообраќајот, кои работат во безбедносниот центар на Volvo Cars, беа препознаени по својот придонес во зголемување на безбедноста во сообраќајот. Тие со години работат на развој на широка палета системи, вклучувајќи ја и заштитата на патниците при излегување од пат, но и физички и компјутерски тест методи кои снимаат и ги копираат ударите од реалниот живот.

Со јасен фокус на безбедноста во реалниот живот и Линдмен и Ленхоф дадоа суштински придонес на високо ниво на безбедност во најновите производи на Volvo Cars, вклучувајќи го и новиот XC60. Овој автомобил има системи за напредна поддршка на возачот и помош при управување, кои припаѓаат на најнапредните системи на пазарот.

„Воодушевени сме што имаме можност да добиеме признание за нашата работа. Наша цел е да ги направиме патиштата побезбедно место за сите. Ова е причина зошто даваме толку големо значење на разбирањето на податоците добиени од реалниот свет. Ние, во Volvo Cars, не ги развиваме возилата само да го поминат тестот за безбедност, туку ги развиваме за да спасуваат животи. Ова отсекогаш била наша почетна точка“, потенцира Линдмен.

Линдмен и Леноф влегоа во ексклузивниот клуб на инженери за безбедност на Volvo кои го добиле ова признание на полето на пионерската иновација за безбедност.

„Презадоволни сме што Магдалена и Пер го добија ова признание за нивната извонредна работа. Фондацијата на Volvo Cars е изградена за да ги заштити луѓето, разбирајќи ги нивните потреби и правејќи ги подобри нивните животи. Нашата доследност во пристапот да се препознае безбедноста во реални услови во текот на изминатите години јасно влијаеше на животите на многу луѓе ширум светот. Нашата визија е никој да не биде убиен или повреден во новиот Volvo автомобил до 2020-та година“, вели Малик Екхолм, потпретседател на безбедносниот центар на Volvo Cars.

Volvo Cars е единствен во автомобилската индустрија поради својот пристап кон безбедноста. Од 1970-та година, шведската марка собираше податоци за илјадници судири од реалниот свет со цел подобро да ги препознае безбедносните потреби во релниот живот. Визија на безбедност и Безбедност во вистинскиот живот се дел од програмата за одржливост на Volvo наречена Omtanke.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail