Екстерното за учениците од завршните години ќе се спроведува од 30 јануари до 3 февруари

mon1.jpg

Министерството за образование и наука денес информираше за временскиот период кога ќе биде проведено екстерното тестирање.

-Согласно одлуката за продолжување на зимскиот распуст, односно второто полугодие на учебната 2016/2017 година да започне на 23 јануари 2017 година, Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, ќе се спроведе во периодот од 30.1.2017 година до 3.2.2017 година, стои во соопштението од МОН.

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail