Електрична стимулација на мозок за будење од кома

vest_1_495x495525.jpg

По голема повреда на мозокот, луѓето можат да западнат во кома. Некои бргу почнуваат да покажуваат знаци на повремена свест, но сè уште не се способни да комуницираат. Оваа состојба се нарекува „минимална свест“.

Сега, истражувачи откриле дека луѓето во оваа состојба многу добро реагирале на третман од дневни 20-минутни сесии со tDCS (transcranial direct current stimulation / транскранијална стимулација со еднонасочна струја), во траење од 5 дена.

Овие пациенти, кои биле минимално свесни најмалку 3 месеци пред тоа, по третманот можеле да одговараат на команди, препознаваат предмети, а во неколку случаи дури и да комуницираат.

tDCS ги стимулира невроните со слаб електрицитет, кој се пушта во предниот дел на мозокот кој е вклучен во когнитивните функции, вклучувајќи ја и свеста. Тој исто така е поврзан и со останатите делови од мозокот, преку испраќање на електрични сигнали кон нив.

Успехот на студијата сугерира дека научниците можеби ќе бидат способни да помогнат на луѓе со пореметувања на свеста барем делумно да се „разбудат“.

Сепак, додека подолги периоди на стимулација воделе до значително подобрување на свесноста, сè уште не е јасно дали пациентите ќе ги задржат овие подобрувања или не. Доколку одговорот е негативен, тоа ќе значи дека ќе бидат потребни понатамошни третмани и нова, подолга студија за да се провери дали третманот има некои долгорочни несакани дејства.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail