Eлектромобилите „Тесла“ ќе може да се плаќаат и со биткоини

Elektromobilite-Tesla-kje-moze-da-se-plakjaat-i-so-bitkoini.jpg

Eлектромобилите „Тесла“ ќе може да се плаќаат и со биткоини

Извршниот директор на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск, денеска објави дека електромобилите на компанијата ќе може да бидат плаќани и со криптовалутата биткоин.

-Ќе можете да плаќате во ’Тесла‘ со биткоини. Можноста за плаќање во биткоини ќе биде достапна и вон САД кон крајот на оваа 2021 година, напиша претприемачот на својата Твитер-страница.

Тој исто така, претходно поддржуваше и други слични дигитални валути, како што е „доџкоинот“ (dogecoin).

„Тесла“ на 8 февруари објави дека вложила 1,5 милијарда долари во биткоин и оти во блиска иднина ќе им овозможи на корисниците да ги исплаќаат возилата и во оваа криптовалута.

-Една од најголемите компании во светот инвестираше во биткоин, што значи дека сите инвеститори во ’Тесла‘ (или барем само еден фонд во (индексот) Ес-енд-пи-500) се вклучени во тоа, рече тогаш Маск.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail