592060_orig.jpg

Од утре Учениците и студентите ќе учат од дома. Како ќе бидат тестирани се уште не се знае, а како една од опциите исто како и за предавањата во игра е интернетот. Министерот за образование и наука Арбер Адеми, ги соопшти најновите мерки кои ќе ја заменат регуларната настава овој период.

Директорот на Економското правно училиште Васил Антевски – Дрен професор Александар Канурков, за Алфа вели дека има одредени потешкотии, но дека овој период ќе мора да се издржи.

Со ваквиот начин работа, спроведувањето на класични испити на факултетите ќе биде невозможно. Универзитетскиот професор Зоран Матевски за Алфа вели тестирањето треба да биде на општи теми со цел да не се злоупотребат домашните услови, каде можноста за контрола врз ученикот е намалена.

Од Министерство за образование инаку велат дека учебната година нема да се прогласи за завршена, а предавањата и сите други активности ќе се реализираат преку националната интернет-платформа.

извор: алфа.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail