Елитни населби во Скопје- куќи со базени, голем двор, мир, камери

Elitni-naselbi-vo-Skopje-kukji-so-bazeni-golem-dvor-mir-kameri.jpg

Елитни населби во Скопје- куќи со базени, голем двор, мир, камери

Иако на огласите за недвижности се нудат станови и куќи по поволни цени во гланиот град, тие со месеци стојат непродадени. Од агенциите велат дека во ваква ситуација каква што е политичката воопшто не треба да се зборува за продажба на станови и куќи.

Базен, интимност, голем двор,камери… вака гласат огласите за куќите кои се во поскапиот дел во нашиот град.

Во елитни населби би можеле да се спомнат Водно, Злокуќани, Орман, Козле, Дебар Маало, Црниче, Бардовци, Верина во селото Орман, потоа Хот-хот во Радишани, Сончев Град, Дајмонд Парк во Сопиште, на Зајчев Рид, во Петровец, Илинден, Зелениково, Студеничани…

Нашето истражување покажа дека најскапите имоти се наоѓаат во центарот  и во елитната населба Водно. Овие две локации сé уште го држат приматот во високите цени на недвижностите каде цените на куќите се движат од 200 илјади евра па нагоре.

Воедно во метрополата изградбата на станови е во постојан подем, но продажбата оди потешко од агенциите за недвижности не најавуваат некоја драстична промена во насока на намалување на цената за метар квадратен.

Секако, најнадувани остануваат цените на становите во Центар, Аеродром и Карпош. Најевтини се оние што се продаваат во Гази Баба, во Железара и Ченто каде што цената во новите градба е 700 евра за квадрат, исто така и во Ѓорче Петров, Бутел, Кисела Вода каде што во постарите згради може да се најде и под 700 евра за метар квадратен. Убедливо меѓу најниските цени чини и метар квадратен во Чаир.

Извор: denesen.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail