Еминентниот професор Луиз Мутињо во ексклузивна академска посета на УТМС

mutinjo.jpg

Универзитетот за Туризам и менаџмент во Скопје со огромна чест и задоволство ја најавува ексклузивната академска посета на почесниот проф. д-р Луиз Мутињо.

Професорот Мутињо е еминентен академски професор и истражувач во областа на стратешки маркетинг и туризам со повеќе од 25-годишна престижна академска кариера како редовен професор на реномирани универзитети во Ирска, Португалија, Нов Зеланд, Кина, Бразил, Колумбија, Литванија, Унгарија и многу други светски елитни универзитети. Неговата водечка улога во истражувањата и академската работа е проширена и во областа на научни проекти и истражувања со мултидисциплинарен карактер од повеќе области од кои примарна е моделирањето и математичкиот приод во Однесување на потрушавачите, Стратешки Маркетинг, Процеси на потрошувачко однесување во туризмот, Мултигенерациски маркетинг и Биомаркетинг. Неговата академска работа брои преку 140 академски трудови, преку 30 книги и импозантен број на предавања со импакт врз многу генерации ширум светот.

Менаџментот на УТМС го рангира ексклузивното гостување на проф. д-р Мутињо во едно од најмаркантните од своето основање и со огромна чест и задоволство ја најавува оваа академска посета која ќе ја сподели со своите ценети студенти, професори и соработници.

Посетата на УТМС, проф. д-р Мутињо ќе ја реализира од 20-ти до 24-ти Февруари, а во рамките на истата ќе одржи предавање за студентите и професорите на УТМС.

Тематското предавање на ниво на универзитет е Дигитален и мобилен маркетинг: сензори, биосигнали, социјална визуализација и мешана реалност.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail