ЕП изгласа нови правила за побрзо повторно воведување на визен режим

ep-1.jpg

Европскиот парламент изгласа нови правила за побрзо воведување на визен режим за влез во Европска унија, со што се отвора патот за визна либерализација за Украина и за Грузија.

Новите правила беа изгласани со 485 гласови „за“ и 132 „против“. Со тоа пратениците го потврдија политичкиот договор постигнат пред една недела меѓу преговарачите од ЕП и од Советот на ЕУ.

– Знам дека тоа не е идеален текст, каков што би сакале да имаме. Направивме големи отстапки, но не сме ги заборавиле ставовите, да ги заштитиме основните права и да ја зачуваме улогата на ЕП, изјави известувачот на ЕП по предлогот на Агустин Диас де Мера од Европската народна партија.

Стапувањето во сила на механизмот за безвизно патување беше поставен како услов од некои земји, за да се прифати договорот за либерализација на визите со Украина и Грузија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail