Епидемија коси во Европа: “Вакцинирајте ги децата од опасниот вирус

mali-sipanici.jpeg

Епидемијата на мали сипаници ја погодила Европа поради недоволен процент на вакцинирање на децата, предупредила Светската здравствена организација – WHO вчера, и ги повикала националните влади да направат се што е во нивна моќ за вакцинацијата да достигне 95 проценти.

Во јануари WHO преброила повеќе од 500 случаи на мали сипаници во Европа, а од тој број 474 биле концентрирани во седум земји: Франција, Италија, Швајцарија, Германија, Полска, Романија и Украина.
Две најпогодени земји се Италија, каде биле регистрирани повеќе од половина од сите случаи – 283, и Романија, во која од 2016. година имало 17 смртни случаи.

Таа “тешка вирусна болест, премногу заразна”, која се манифестира со грозница и црвенило, предизвикала повеќе од 134.000 смртни случаи во светот во 2015. година, во главно кај деца помлади од 5 години.
Меѓутоа, болеста е лесно да се избегне со вакцинирање, кое е “безбедно и делотворно”. За жал, во тие земји кои во Европа се погодени од мали сипаници, стапката на вакцинација е под 95 проценти, а тоа е прагот потребен за искоренување на епидемијата. “Постапно се одело кон елиминација на болеста во последните две години, и поради тоа повеќе загрижуваат случаите во Европа”, рекла директорката на WHO за Европа, Сузана Јакаб, и предупредила: “Ги повикувам сите ендемски земји да преземат итни мерки поради сопирање на заразата со мали сипаници внатре во своите граници”.

Ако во сиромашните земји во светот цената на вакцините е пречка за спречување на епидемијата, во Европа причината е растот на отпорот против вакцинацијата, велат експертите. Така, некои луѓе стравуваат од вакцинирање, а на други им е незгодно да се вакцинираат, вели Роб Батлер од регионалниот отсек на WHO за Европа.
Во Франција, на пример, луѓето мора да договорат посета на лекар од кој добиваат рецепт, потоа одат да ја преземат вакцината, а потоа мора да договорат нов термин со лекарот за да се изврши вакцинацијата.

Невакцинираните деца најмногу се изложени на опасност од мали сипаници, и компликации предизвикани од нив, па дури и смрт. Малите сипаници се шират со директен контакт во воздух, со кашлање и шмркање. Вирусот останува активен и заразен на инфицирани површини до два часа. Први знаци на инфекција се висока температура и течење на нос. Можно е да се забележат и бели точки на внатрешната страна на образот.
По неколку дена црвенилото се шири по лицето и вратот, а потоа го зафаќа целото тело. Заразената личност може да им го пренесе вирусот на другите во рок од четири дена пред да се развие црвенилото. За ова не постои лек, но две дози вакцина може да ја спречат заразата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail