Епл го отвора своето ново седиште

epl.jpg

Компанијата Епл за во април го најави отворањето на своето ново седиште, вредно вкупно пет милијарди долари, иако завршните зафати се уште не се целосно приведени кон својот крај.

Тоа меѓу другото, ќе значи и преселба на своите 12.000 вработени во Купертинo, Калифорнијa, а процесoт ќе трае шест месеци, соопштија од компанијата.

Новото седиште официјално е наречено Епл парк и зафаќа површина од 708.200 квадратни метри. Покојниот директор на Епл, Стив Џобс во 2011 го споредуваше тогашниот проект во најава со вселенски брод.

– Стив вложи многу од неговата енергија создавајќи и поддржувајќи значајни креативни проекти. Ние му пристапивме на проектирањето  на овој кампус со истиот ентузијазам и креативни принципи коишто се одлика и на нашите производи, изјави главниот инженер во проектот, Џон Ајв.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail