„Епл“ и „Гугл“ во трка за пуштање на летечки автомобили

Американската технолошка компанија „Епл“ вчера објави дека ќе вработи од НАСА шестмина специјалисти во областа на роботиката, кои ќе го надгледуваат развојот и ефикасноста на претстојните беспилотни автомобили. Слично дејство демонстрира индиректно признание од страна на корпорацијата дека заостанува значително зад своите конкуренти на автомобилскиот пазар и сега се обидува да надомести за изгубеното време, нагласува весникот „Волстрит журнал“.

Според изданието шестмината нови вработени во „Епл“ ќе бидат инженери специјалисти во областа на роботиката, кои освен размената на знаење и искуство ќе добијат можност и да ја тестираат лично ефикасноста на автомобилите „Лексус“, опремени со технологија за беспилотно управување. При тоа од предното седиште, а во првата фаза на проектот ќе бидат испробани три слични возила, информира весникот.

„Волстрит журнал“ потсетува дека претходно „Епл“ си поставија за цел да развијат само полуавтономни автомобили. Постепено амбициите на компанијата станаа поголеми и таа одлучи да создаде целосно автономно возило кое го „познава“ сопственикот по отпечатоци од прсти и се движи со притискање на копче, за да ги пренесе патниците до нивната дестинација.

Одделно, на крајот на март, НАСА официјално објави дека вклучува прототипи на самоуправувачки роботски автомобили кон проектот за усовршување, чија крајна цел е да се развијат веродостојни и сигурни транспортни средства, „способни да ја анализираат ситуацијата на патот и да се движат без возач“.

Одговорот на „Гугл“

Истовремено финансиран од основачот на „Гугл“ – Лари Пејџ, стартап покажа свој прототип на електричен летечки автомобил. Компанијата „Кити Хок“ разви ховер кој тежи едвај 100 килограми и работи на електричн мотори, тврдат програмерите.

Вчера тие закачија видео презентацијата на својот проект во Јутјуб.

Планирано е продажбите да започнат кон крајот на 2017 година цената засега не е позната.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail