Епл казнет со 25 милиони евра поради забавување на Ајфон уредите

jOr9U-screenshot-1.jpg

Компанијата Епл мора да плати казна од 25 милиони евра бидејќи тајно ги забавувала постарите верзии на Ајфон.

Покрај казната за “измамничка комерцијална пракса со која се залажуваат потрошувачите”, компанијата на својата страница ќе мора да објави соопштение за тоа на француски јазик во траење од еден месец, пишува “Индепендент”.

Казната ја наметнала француската агенција за конкуренција и измама која открила дека купувачите не биле известени за таквите мерки на компанијата.

Оттаму наведуваат дека корисниците не биле предупредени дека ажурирањето на софтверот може да ги забави нивните уреди. Епл кој во 2017 година призна дека навистина ги забавува постарите верзии на Ајфон уредите, издал соопштение дека тој проблем е решен со регулатива.

Минатата година, технолошкиот гигант вети дека ќе биде искрен со потрошувачите за тоа колку и кога ќе ги забават постарите верзии на своите уреди. Од Епл тврдат дека тој потег всушност треба да го продолжи животот на уредите, а не да ги наведе потрошувачите да купат понови модели.

Компанијата во 2017 година се извини и вклучи додаток кој им овозможува на корисниците да ја исклучат алатката за управување со перформансите.

“Сите наши постапки се секогаш во служба на корисниците. Можеби би требало да бидеме појасни, но нашите постапки се секогаш добронамерни”, изјавил извршниот директор на Епл, Тим Кук.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail