„Епл“ порача 70 милиони превитливи дисплеи од „Самсунг“за новиот „Ајфон“

ajfo.jpg

Компанијата „Епл“ од „Самсунг“ порачала 70 милиони превитливи ОЛЕД дисплеи, кои ќе бидат користени за производство на новиот „АјФон“, објави „Никеи Азијан“.

Според весникот, „Самсунг“ наводно е подготвен да произведе дури 95 милиони дисплеи само за потребите на „Епл“.

Наводно оваа есен „Епл“ ќе лансира три нови „Ајфони“, два со нормални ЛЦД дисплеи и премиум верзија која ќе има заоблен ОЛЕД дисплеј.

Компанијата очекува добра продажба на нејзите нови уреди, иако тие ќе бидат поскапи од претходните.

Меѓу останатите карактеристики на новиот „Ајфон“ се очекува да бидат и безжичното полнење, враќање на стакленото куќиште и сензорот за препознавање лица.

Двата нови „Ајфони“ со ЛЦД дисплеи ќе бидат со големина 4,7 и 5,5 инчи, додека премиум верзијата ќе има дисплеј од 5,2 инчи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail