Еразмус + Форум на УКЛО

Erazmus-Forum-na-UKLO-scaled.jpg

Еразмус + Форум на УКЛО

На  9.12.2020 година,  на УКЛО е  одржан  Еразмус + форум на којшто учествуваа факултетските Еразмус координатори, како и претседателите на студентските собранија од единиците во состав на Универзитетот.

На настанот се презентирани   наодите од Анализата за идентификување на капацитетите на ВОИ за новата финансиска рамка, а стана збор  и за Еразмус студентската картичка и дигитализацијата во високото образование. Форумот  беше можност учесниците да се запознаат со  новостите во програмата ЕРАЗМУС+ 2021 – 2027.

Претходно, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски оствари работна средба со ректoрот, проф. д-р  Сашо Коруновски при што е  нагласена важноста  од размена на  информациите и добрите искуства од Еразмус мобилностите, бидејќи основната цел на Еразмус размената е студентот да ги сподели не само образовните,туку и културните, социјалните и сите други искуства со своите врсници. Директорот Ѓоргиевски нагласи дека цел на ваквите активности  е подобрување на севкупните капацитети на универзитетите и факултетите, во функција на зголемено искористување на фондовите што ги нуди Европската Унија, односно  поголема интернационализација на Универзитетот,  збогатување и подобрено споделување на искуствата и знаењата. 

Проректорот на УКЛО и Еразмус координаторот,  проф.д-р Марјан Ѓуровски  истакна дека   од почетокот на идната 2021 година, се очекува  да се надоградат знаењата  околу новите правила и можности што ќе гим понуди Европската агенција .  На овој начин, Универзитетот заедно со  Националната агенција отвора еден прозорец кон информации со цел да се разбуди интресот кај студентите за нивна мобилност во странските универзитети во  земјите од Европската унија или во Регионот. 

Презентации од Еразмус + Хибридниот форум:

Презентација 1

Презентација 2

Извор: УКЛО

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail