Еразмус: Покането предавање од проф. Katja Gilly од UMH

estudio-umh-aplica-modelos-matematicos-hacer-ranking-jugadores-liga-endesa_1_814091.jpg

Во понеделник 06.03.2017 од 12:00 до 13:00 часот во АМФ на ТМФ ќе се одржи покането предавање на тема: A software platform for developing cloud computing applications од проф. Katja Gilly од Универзитетот Miguel Hernandez de Elche. Ги покануваме сите заинтересирани студенти да присуствуваат на предавањето.

Ова предавање е прва активност во рамките на Еразмус договорот за размена кој ФИНКИ-УКИМ го има склучено со Универзитетот Miguel Hernandez de Elche (http://www.umh.es) па во текот на предавањето ќе има и краток дел со информации за можностите за размена на студенти преку овој договор, студиските програми и предмети кои ги има таму а се од интерес за студентите на ФИНКИ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail