Ерупција на вулкан снимена од вселената (ВИДЕО)

Висок облак од пепел и чад во облик на печурка беше деновиве забележан од вулканот Раикоке на Курилските острови.

Ерупцијата на вулканот , кој над 150 години беше неактивен , а асе наоѓа меѓу рускиот полуостров Камчатка и јапонскиот остров Хокаидо во Тихиот океан , е снимена од вселената.

Космонаут на Меѓународната вселенска сдтаница го снимил моментот на ерупцијата на вулканот. Првата активност на овој вулкан била забележана во 1778 година , а потоа во 1924.

На снимката , која ја објави НАСА се гледа чад и пепел , а под него облаците . Втората фотографија е снимена од сателит на 22. јуни и покажува концентрација на пепел на дел од облак , додека силни ветришта го разнесуваат источниот дел од облакот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail